СМОКВАТА е едно од НАЈЛЕКОВИТИТЕ овошја во светот: Јадете по едно секое утро на празен стомак и гледајте што се случува!

од Vladimir Zorba

Смоквите со право се нарекуваат рајски плод на Медитеранот. Нејзините лековити делови се плодот, млечниот сок, листот и кората на дрвото. Сушената верзија на смокви се смета за супер храна што ни е достапна во текот на целата година, но тешко може да ги надмине сочните плодови што се одгледуваат на нашите простори илјадници години.

Сировите смокви содржат до 80 проценти вода, а бидејќи смоквите ја стимулираат енергијата во нутриционистичка смисла, најдобро е да ги јадете наутро.

Еве кои се прдобивките од нивно консумирање:

1. Го намалува крвниот притисок

Смоквите се одличен извор на калиум кој помага во намалување и регулирање на крвниот притисок. Минералот калиум е слабо достапен за нас во храната, а тој е неопходен за функционирање на организмот. Многу луѓе страдаат од недостаток на калиум како резултат на зголемената консумација на сол.

2. Помага при слабеење

Смоквата е добар извор на диетални влакна кои го подобруваат варењето на храната и ни даваат чувство на ситост подолго, помагајќи на тој начин да ослабеме. Смоквите содржат поголема количина на растворливи и нерастворливи влакна отколку другите плодови. Растворливите влакна исто така го намалуваат холестеролот во крвта. Во 100 грама смокви има само 74 калории.

3. Го намалува шеќерот во крвта

Листовите од смоква го намалуваат шеќерот во крвта. Лисјата може да се користат не само при подготовка на разни јадења, туку и при подготовка на чаеви. Некои истражувања покажаа дека смоквите помагаат во регулирање на шеќерот кај луѓето кои страдаат од дијабетес тип 1.

4. Помага при добро расположение

Тие содржат голема количина на витамин Б комплекс, кој му дава енергија на нашето тело, обезбедува еластичност на кожата и силни мускули. Друга придобивка на витаминот Б комплекс е тоа што ја подобрува работата на мозокот, а со тоа и концентрацијата и меморијата, и го подобрува нашето целокупно расположение. Ако несоницата и ПМС се резултат на вашето незадоволство, смоквите, поради нивната висока содржина на магнезиум, можат да помогнат.

5. Помага при израстоци на кожата

Во народната медицина, смоквите се сметаат за одличен помошник при проблеми со израстоци на кожата, како што се брадавици. Доволно е да се потпреме половина од свежото овошје на местото на телото каде што е проблемот, да се остави преку ноќ и да се исплакне со топла вода наутро. После тоа, отстранувањето на проблемот е полесно, и доколку е потребно, можете да ја повторите постапката до 5 пати.

6. Содржат богатство на витамини и минерали

Високите концентрации на глукоза и фруктоза се поздрава замена за белиот, индустриски шеќер. Содржат многу железо, фосфор, калциум, калиум, магнезиум, витамини Б6, Е, Ц и витамин А. Исто така се богати со бета-каротен, па затоа се препорачува да се јадат смокви неколку дена пред сончање. Содржи висока содржина на вода и природни шеќери, па затоа се корисни при закрепнување од исцрпеност и детоксикација.

Слични содржини