Снегот во општина Центар ќе се чисти со 6 специјални возила

од Берта Китинска

Зимската служба на Општина Центар има склучено договор со компанијата „Анизор“ со што вкупно шест специјални возила за отстранување на снег се ставени на располагање на општината во наредниот период за справување со евентуалните снежни врнежи.

-Со 6 специјални возила, Општина Центар е подготвена да се справи со првиот снег годинава.Со 2 возила со плуг и соларка, 3 специјални возила за отстранување на снег и еден тн. хорхет, ќе се расчистуваат улиците, тротоарите и јавните површини.Во секојдневна комуникација сме со жителите и подготвени сме да делуваме во случај на евентуални снежни врнежи,влета од Општина Центар.

Слични содржини