Три лица се повредени откако со „југо“ удриле во бетонска ограда и се превртеле.

-Синоќа во 01.40 часот било пријавено дека во Скопје, на ул.„5“ во нас.Ѓорче Петров, патничко возило „југо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Г.(19) од Скопје, удрило во бетонска ограда и се превртело. Во незгодата, сопатникот Д.В.(18) од Скопје се здобил со тешки телесни повреди, а сопатниците Д.Н.(18) и А.Т.(23), двајцата од Скопје, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Комплексот Клиники „Мајка Тереза“, каде што биле пренесени за укажување на лекарска помош, велат од полицијата.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Слични содржини