Соборен еден од најстарите светски рекорди во атлетика

од Vladimir Zorba

Атлетичарката Кристин Мбома ja сруши легендарнaтa Грит Бројер и сега 17-годишната Намибијка е светски рекордер на 400 метри со резултат 49,24!

Претходниот светски рекорд беше во сопственост на легендарната Бројер. Уште во 1991 година, на 19-годишна возраст, Германката истрча 400 метри за 49,42 секунди на Светското првенство во Токио.

Интересно е и тоа што на брзата трка во Лусака, друга 17-годишна атлетичарка ја запре стоперката под 50 секунди. Беатрис Масалинги, втората Намибијка, истрча 49,53!

Логично е дека во овој момент и Мбома и Масалинги ги заземаат првото и второто место на светската ранг-листа.

Слични содржини