Собранието го изгласа Законот за финансиска инспекција во јавниот сектор

од Vladimir Zorba

Пратениците во рамки на денешната 99.седница на Собранието со 54 гласа „за” го усвоија Законот за финансиска инспекција во јавниот сектор и со 55 гласа „за” Законот за изменување и дополнување на Законот за гранична контрола.

Целта на Законот за финансиска инспекција во јавниот сектор е заштита на финансиските интереси на субјектите од јавниот сектор од сериозно лошо финансиско управување, измами и корупција. Финансиска инспекција, според Законот, се врши кај корисниците на средствата од Буџетот на Република Македонија, фондовите, општините и градот Скопје, агенциите и другите институции основани со закон, јавните претпријатија, јавните установи и другите правни лица кои се во државна сопственост или сопственост на општините и градот Скопје или во кои државата или општините и градот Скопје се акционери, како и кај непрофитните организации и другите правни и физички лица само за делот на добиените јавни средства или гаранции. Работите на финансиската инспекција ги врши Секторот за финансиска инспекција во јавниот сектор како посебна внатрешна организациска единица во рамки на Министерството за финансии. Со работата на Секторот раководи главен финансиски инспектор кој директно одговара на министерот за финансии.

На денешната седница Собранието одлучи да се носат по скратена постапка Предлог законот за изменување на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица и Предлог на Законот за младински додаток.

Слични содржини