Собранието и официјално изгласа доверба на Владата, опозицијата не присуствуваше на седницата

Попладнево во Собранието беше изгласана доверба на Владата, која претходно беше побарана од страна на премиерот, Зоран Заев.

Во Собранието, 62 од пратениците ја изгласаа довербата, а немаше ниту еден од присутните кој беше против.

Оттаму, поради тоа што гласањето за доверба на Владата го побара претседателот, во случајов Зоран Заев, според деловникот, пратениците веднаш ја гласаат истата без претходна расправа.

Премиерот Заев пред гласањето истакна дека побарал пратениците да се изјаснат за доверба на Владата, по прв пат на ваков начин во парламентарната историја во земјава, за да се разјаснат некои работи што во јавноста ги наметна опозицијата околу владејачкото мнозинство во Собранието.

„Ја преземам одгвоорноста да се соочиме и да расчистиме. Да го видиме на дело толку најавуваното мнозинство од опозицијата која наводно ќе ја падне оваа влада. Ова е моментот да покажеме пред граѓаните колку има вистина од опизицијата, да видиме за што станува збор – стабилна власт со стабилно мнозинство или разнишана опизиција“, се изјасни Заев пред пратениците.

Истовремено, тој ја обвини опозицијата за блокади и опструкции на државата и за пласирање лаги за теснопартиски сноспартсики интереси и за создавање несигурност кај граѓаните.

„Нема да дозволиме несигурност, неизвесност, сопки, блокади и опструкции“, посочи Заев.

Инаку во Собранието не беше присутна опозицијата за време на гласањето за доверба на Владата.

Слични содржини