СОЛСКЈЕР ПО НОВИОТ ПОРАЗ: Се чувствувам исто како навивачите на Јунајтед – посрамени сме!

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер не размислува да поднесе оставка по убедливиот пораз од Ватфорд со 4-1 во 12. коло од Премиер лигата.

Избраниците на норвешкиот тренер го забележаа четвртиот неуспех во последните пет натпревари во првенството, а со 17 бодови се на седмото место со Брајтон.

„Секогаш верувам во себе. Да, верувам дека можеме да го смениме ова. Сочувствувам со навивачите. Се чувствувам исто како и тие. Посрамени сме. Во многу лоша состојба сме“, изјави Солскјер.

Норвежанецот по натпреварот излезе на трибината со приврзаниците на „црвените ѓаволи“ за да им се извини.

Тимот од „Олд Трафорд“ во следното коло го очекува дуел со водечкиот Челси, ќе видиме дали на клупата ќе биде и актуелниот тренер.

Слични содржини