Солскјер: Роналдо е како Мајкл Џордан

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер беше воодушевен од играта на Кристијано Роналдо на дуелот со Аталанта во Бергамо. Тој го спореди стрелецот на израмнувачкиот гол со Мајкл Џордан, легендата на НБА лигата, воодушевен од Португалецот кој го урна неговиот претходен рекорд по постигнати голови.

Португалецот постигна фантастичен гол во првата минута од судиското надополнување за ремито против Аталанта во Бергамо во 2:2 во Лигата на шампионите.

„Кристијано Роналдо за нас е она што беше Мајкл Џордан за Чикаго Булс. Тој гол е момент како кога Џордан ја освои титулата во НБА по продолженија“, изјави Солскјер.

Слично нешто Роналдо направи и на „Олд Трафорд“ за победа (3:2), како и против Виљареал за триумф (2:1), кога погоди во 95. минута.

„Ако има некој на кој сакате да му ја дадете топката во последната минута, тоа е дефинитивно Кристијано. Тој е најдобриот стрелец во светот“, рече Солскјер.

Голот во Бергамо беше 127-ми за Кристијано во дресот на Јунајтед, кој го надмина Солскјер на клупската листа, кој постигна 126 гола.

Слични содржини