СОЛУН ГОРИ ПО НОВИТЕ МЕРКИ: Полицијата брутално тргна на демонстрантите! (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Мерките за заклучување на Грција за да се спречи ширењето на вирусот корона предизвика бес кај граѓаните и протест во Солун, каде имаше конфликт со полицијата.

Граѓаните се организираа преку социјалните мрежи и се собраа во центарот на градот. Тие фрлаа шишиња кон полицајците.

Полицијата реагираше фрлајќи солзавец, димни бомби, но и апсејќи ги демонстрантите, пренесуваат грчките медиуми.

Премиерот Киријакос Мицотакис во четвртокот во Атина објави дека владата одлучи да воведе тринеделно „заклучување“ на национално ниво од 06.00 часот во сабота на 7 ноември.

Освен аптеките, здравствените установи, селективните трговски објекти, градинките, училиштата и специјалните училишта, сè друго ќе биде затворено.

Градинките и основните училишта ќе останат отворени за време на карантинот, кој ќе трае до 30 ноември. Средните училишта и универзитетите ќе одржуваат часови преку Интернет.

Жителите ќе можат да ги напуштат своите домови само од одредени причини како што се работа, медицински прегледи или вежбање и откако ќе ги известат властите.

Слични содржини