Сончево со мала до умерена облачност

од desk4

Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Утринската температур аќе се движи од осум до 16 степени, а дневната температура од 20 до 28 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Утринската температура ќе достигне до 12, а дневната температура до 24 степени.

Следува период на стабилно и потопло време со постепен пораст на дневната температура.

Слични содржини