Соседна Србија надмина милион жители вакцинирани со двете дози од вакцината

Србија ја надмина бројката од еден милион луѓе кои ги примија двете дози на вакцина за коронавирус, објави Владата.

За потсетување, Србија увезе повеќе од 2,8 милиони вакцини за своите седум милиони граѓани откако претседателот на Србија, Александар Вучиќ, директно преговараше со неколку производители, меѓу кои кинескиот „Синофарм“, „Фајзер-Бионтек“, „АстраЗенека“ и рускиот производител на вакцини Спутник V.

Државниот секретар на Министерството за здравство, д-р Мирсад Шерлек, денес изјави дека еден дел од населението е заштитен од болести и рече дека мора да продолжиме со забрзаната вакцинација, за да достигнеме уште еден милион.

– Имаме доволен број вакцини за сите наши граѓани, а тоа е нашата среќа. Се надевам дека до крајот на мај ќе имаме 2,5 милиони ревакцинирани граѓани, за да можеме да очекуваме по безгрижно лето – рече Ѓерлек.

Слични содржини