Советник на Зеленски: „Унгарија е тројански коњ на Европа“

од Stefanija Kuzmanovska

Михаило Подољак, советник на украинскиот претседател Владимир Зеленски, го изрази својот гнев кон Виктор Орбан и позицијата на унгарската влада за санкциите против Русија.

Подољак смета дека Унгарија е тројански коњ на Европската унија.

„Орбан вели дека ќе се бори за укинување на санкциите против Русија. Да ги наречеме работите со вистинското име. Унгарија е тројански коњ и бара колапс на ЕУ на сметка на европските даночни обврзници. Орбан ја мрази Украина и сонува за ‘руски свет’ во Европа. Дали ЕУ треба да финансира ваква субверзија?“, напиша тој, пренесува „Индекс“.

Слични содржини