Спасени две туристки од Полска кои паднале во пресек од карпа над провалија (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Центарот за управување со кризи (ЦУК) попладнево информираше дека спасени се две туристки од Полска кај манастирскиот комплекс „Трескавец“ во Прилеп, откако паднале во пресек од карпа над провалија.

-Денеска на бесплатниот телефонски број за итни повици 112, имаше дојава за две девојки кои од локација кај манастирот „Трескавец“ побарале помош кои при движење надолу од манастирот кон градот, паднале во провалија.

За настанот веднаш се известени и излезени на терен доброволното друштво „Златов врв“ од Прилеп и екипа од ТППП Прилеп (4 пожарникари со 1 теренско возило), ДЗС – Прилеп и МВР (ЦИК- Битола).

Во 17:15 часот двете девојки се пронајдени од доброволното друштво „Златов врв“ од Прилеп и истите се во добра здраствена состојба, соопштија од ЦУК.

Слични содржини