Спасовски до Јанушев: Сакате да морализирате, а бевте осудени на две години условно заради набавката на кинеските автобуси

од Nikola Popovski

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска од собраниската говорница му одговори на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, откако беше запрашан дали постои соодветен правен акт со кој се регулира процедурата и постапувањето при потраги за исчезнати лица. Јанушев исто така го праша министерот дали се предложени други мерки и активности за потрагата на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска.

-Ако не се сеќавате вие и македонската јавност, да ви кажам дека бевте кривично гонети, осудени на две години условно заради злоупотреба на службената положба и овластување и набавка на кинеските автобуси низ Скопје, за постапка која ви беше покрената пред СЈО, му рече Спасовски на Јанушев.

Второ, додаде Спасовски, прашање за коешто треба да одговорите – како ги стекнавте недвижностите од 2009 до 2012 година и за сите тие работи.

-А, секако да не ви ги читам по ред сите прекршоци и пријави кои ги имате на два листа, ако сакате и тоа ќе продолжиме да читаме, да го видите кој е Игор Јанушев кој сака да морализира. Има ефикасни механизмни во работењето. Можете да викате колку сакате од место, но ова не можете да го сокриете, потенцира министерот.

Слични содржини