Спасовски од Белица: Чест е да се биде дел од елитните единици кои се столб на МВР (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Чест е да се биде дел од елитните единици кои се столб на МВР. Со покажани вештини покажавте дека вашата желба е поголема од сите тешки задачи предвидени во програмата за селективна обука, порача денеска министерот Оливер Спасовски при денешната посета на кампот Белица кај Македонски брод, каде е во завршна фаза дрил тестот за селекција на кандидатите за специјалните единици.

Како што соопшти МВР, министерот Спасовски го потенцирал залагањето на полициските службеници и нивната посветеност и нагласил дека тоа е мотив повеќе за раководството на МВР да овозможи уште подобри услови за работа.

Слични содржини