Спасовски: Постоењето на руско влијание и влијание кое не ѝ посакува добро на С. Македонија е факт

од Stefanija Kuzmanovska

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата „Трилинг“ на ТВ 24, одговарајќи на прашањето дали е реално руски инсталации да се директно инволвирани во обидите да го попречат македонскиот пат кон Европската унија, потенцираше дека постоењето на руско влијание и влијание кое не ѝ посакува добро на Република Северна Македонија е факт.

„Секогаш кога сме доведени во ситуација да остваруваме некој стратешки национален интерес има обиди да биде попречена Македонија на тој пат. Се сеќавате на многу постапки на ширење на лажни вести, протерување на дипломати од Северна Македонија итн., сето тоа е благодарение на активностите и работата на разузнавачката заедница на Република Северна Македонија. Така што во тој правец ќе се продолжи и понатаму и мора да се продолжи се со цел да не дозволиме некој друг да одлучува или да попречува остварување на нашите стратешки национални интереси кои што ги имаме. Секако дека европскиот пат за Северна Македонија нема алтернатива и колку повеќе е засилено влијанието на Европската унија, колку повеќе работиме на градењето на перцепцијата за тоа што значи Европска унија онака баш пластично кажано пред граѓаните, толку повеќе ќе расте и бројот на граѓани кои што ја поддржуваат оваа идеја. Така што секое влијание од било кого од надвор мора да се спречи и одлуките мора да бидат оставени на граѓаните и на институциите на државата“, изјави Спасовски.

Слични содржини