Спасовски: Владата итно ќе го разгледа предлогот на Комисијата за заразни болести

од Берта Китинска

Техничкиот премиер Оливер Спасовски рече дека владата ќе го разгледа предлогот на Комисијата за заштита од заразни болести во врска со предлог мерките за границите.

„Денеска има таков предлог од Комисијата за заразни болести, ќе го разгледаме во најитен момент и врз основа на тоа ќе донесеме одлука“,рече Спасовски.

Комисијата за заразни болести утрово одржа состанок на кој донесе одлука да достави ваков предлог до Владата и истото да важи уште од утре. Препораката на Комисијата е донесена по разгледување на актуелната епидемиолошка состојба во наведените земји и согласно информациите добиени од медицинските власти во овие земји.

Слични содржини