Спасовски: Владата на денешната седница донесе одлука за укинување на полицискиот час

од Aleksandar Petrovski

Владата на денешната седница донесе одлука за укинување на полицискиот час, а од четврток се отвораат угостителските објекти. Ова вечерва на прес конференција се очекува да го соопшти и техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Тоа значи дека веќе од утре нема да има рестркиции на движењето, односно нема да важи полицискиот час.

-одлуки кои владата ги донесе според анализите и препораките на комисијата за заразни болести владата донесе одлуки со кои престанува важењето на неколку рестриктивни мерки:
– од 27 мај се укинува полициски час
-од четврток угостители со посебен протокол во отворените делови, а во затворените и овјектите
-од 1 јуни ќе престанат да важат заклучоците на владата донесени со кои неколку уредби како работа од дома, организирање на работен процес итн.
Потребно е да се почитува протокол за работа, односно да се држи физичко растојание, носење опрема, а
ова не важи за хронично болните и за родителите на возраст предшколска возраст за кој ќе се чека градинките да се отворат.

-задолжителниот карантин за лицата кои се враќаат од странство се заменува со домашна изолација, ако приложат ПЦР тест негативен направен последните 72 часа пред да влезат во државата.

Од денеска на свој трошок можат да направат ПЦР тестови и ако е негативен може да одат во самоизолација

Комисија за заразни болести од здравство да направи проценка за отворање на границите за влез и излез од државата. Ова се прави со заедничка координација со останатите држави од регионот, истакна Спасовски.

Слични содржини