Спречена појава на град на повеќе од 80% во регионите

од Nikola Popovski

Министерот за транспорт и врски, Љупчо Николовски денеска заедно со земјоделците, со директорот на УХМР, и градоначалникот на општина Лозово извршиле увид врз штетите кои ги предизвика невремето викендов.

-Од тука сакам да порачам дека земјоделците не се оставени сами, општинските комисии веќе се на терен, и ќе се започне со проценка на штетите и подготовка на елаборатите, како би можело навремено истите да стигнат до Владата и да бидат исплатени. Министерство преку Бирото за судски вештачења на општинина Лозово на располагање ќе даде две стручни лица како дел од тимовите за проценка на штетите, се со цел навремено брзо и неселективно се обештетат земјоделците, информира Николовски.

Тој изрази лагодарност до УХМР кој викендов дејствуваа со вкупно 396 палки врз градоносните облаци, и со навремената реакција спречиле појава на град на повеќе од 80% во регионите.

-Да не беа овие дејствувања од страна на авионите низ целата држава ваквите штети како Лозово ќе беа на многу повеќе места. Со овие предизвици се соочува целиот регион и цела Европа, но ние мора одговорно да се посветиме се со цел максимално да го заштитиме земјоделското производство. Во таа насока е и новиот Нацрт Закон за формирање на земјоделски осигурителен пул, кој што ќе влезе во владина и собраниска постапка, и верувам дека новите механизми кој што ги нуди за задолжително земјоделско осигурување ќе ги мобилизира и мотивира земјоделците, но и осигурителните компании, објави Николовски.

Слични содржини