СПЦ ќе и врачи Томос на МПЦ-ОА за автокефалност

од Vladimir Zorba

Српскиот патријарх Порфириј ќе му врачи Томос за автокефалност на МПЦ-ОА, веднаш по литургијата денеска во Белград, според „Танјуг“, кои се повикуваат на свои информации.

Во Соборната црква во Белград во тек е света литургија ка која служат патријархот Српски Порфириј и Архиепископот охридско македонски Стефан со владици на двете цркви. По оваа литургија, како што дознава Танјуг, Патријархот на СПЦ ќе му врачи Томос на Архиепископот Стефан за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА.

Посетата на делегација на МПЦ-ОА во Белград повторно се случува без информирање на јавноста. А од литургијата неме официјален пренос.

Слични содржини