Србија: 38 лица починаа, 5.107 новозаразени

од Stefanija Kuzmanovska

Во изминатите 24 часа во Србија починаа 38 лица, а од тестираните 17.801 примерок беа потврдени 5.107 нови случаи на инфекција со коронавирус, објавено е денес на порталот covid19.rs.

На болничко лекување има 7.368 пациенти, од кои 290 се на респиратори.

Вкупно беа извршени 3.424.443 тестови и беа регистрирани 600.596 случаи на ковид-19.

Досега починале 5.308 лица, а стапката на смртност е 0,88 отсто.

Слични содржини