Српската претставничка за секс скандалот: Јас сум таква, дружељубива

Пред четири години една од членките на бендот Хјурикејн, кои ќе ја претставуваат Србија на Евровизија, беше сама на тоа натпреварување, а британските медиуми пишуваа дека таа се обидела да го заведе нивниот претставник.

Иако не постигна значаен резултат, Сања Вучиќ остави белег. Британскиот The Sun пишувал дека таа се обидела да го заведе нивниот претставник Џо Волфорд и дека го повикала во нејзината хотелска соба.

Кога повторно се најде во средината на вниманието, српските детали започнаа да излекуваат разни детали од животите на претставничките, а Сања се одлучи да ги искоментира.

https://www.instagram.com/p/B2-IspJpWOJ/?utm_source=ig_embed

„Тој навистина не е мој тип… Погледнете го моето момче и споредете го со Џо, тоа не тоа. Ние се дружевме таму, поминувавме време заедно, не само јас и тој, имаше и други колеги… Јас сум таква, дружељубива“, рекла таа, пренесува Kurir.rs.

Таа додала дека работите не се случиле онака како што медиумите пишувале.

„Џо го има тој бебешки изглед, онака детинесто, не ми се допаѓаат такви мажи“, додала.

Песната со која Хјурикејн ќе настапат во Ротердам се вика Hasta la vista, а доби најмногу гласови на нивниот избор Беовизија.

Слични содржини