Српската Влада формира Работна група за верификација на единствениот избирчки список

од desk3

Владата на Република Србија донесе одлука за формирање Работна група за верификација на единствениот избирачки список.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, задача на Работната група е да ја разгледа можноста и начинот на спроведување на верификација, односно „да ја анализира и провери точноста на единственииот избирачки список.“

Во рамките на работната група, формирани се две подгрупи – подгрупа за статистичка поддршка и подгрупа за правни прашања.

Оваа работна група ќе биде составена од претставници на Генералниот секретаријат на Владата на Република Србија, претставници на Министерството за внатрешни работи и Министерството за државна администрација и локалната самоуправа и претставници на невладините организации Црта и Цесид.

Улога на набљудувачи ќе ја имаат членовите на Националниот демократски институт-НД1, Канцеларијата за демократски институции и човекови права, Европската мрежа за набудување на изборите – ЕНЕМО и претставници на Меѓународната фондација за изборни системи – ИФЕС.

Слични содржини