Српски медиуми: Јуриш кон Македонија и БиХ за поевтино гориво

од Nikola Popovski

„Сведоци сме на чести поплаки дека горивата поскапува и дека веќе подолго време не чувствуваме намалување на цената на литар за дизел и бензин. Граѓаните на Србија кои живеат во близина на границата одлучуваат да заминат во Босна и Херцеговина и Северна Македонија затоа што, според нивните зборови, „повеќе од тоа вреди“. Цените се некаде двојно поевтини, а има и примери на граѓани од Белград што минуваат преку границата за време на викендот за да ги наполнат резервоарите“, вака пишуваат српските медиуми за своите граѓани кои заминуваат во соседните земји за да наполнат гориво.

Литар дизел и бензин во Србија поскапел за дури 15 динари за скоро пет месеци. Од Здружението на нафтени компании велат дека давачките за дизелот се далеку највисоки во регионот, а за течен гас се највисоки во цела Европа.

Цената на еден литар бензин во Србија денес е 159,69 динари, а на евродизелот 156,38 динари. Компаративно набљудувано, во просек е поскапо за 40-50 динари во споредба со регионот.

Ситуацијата со границата кон Македонија е практично иста како и на границата со Босна и Херцеговина, бидејќи цената на дизелот е околу 110 динари, или нешто помалку од едно евро.

Меѓу граѓаните на Врање има и такви кои редовно одат на места во близина на Куманово, за да наполнат гориво.

„Одиме неколку пати неделно. Па што да правам кога е поевтино. Кога ќе погледнете, заштедувам 40 динари за еден литар дизел, тоа не е мала сума пари “, изјавил Милан од Врање.

Тој вели дека е околу 50 километри до Куманово, но дека сепак се исплати да се оди таму.

„Имате неколку пумпи штом ќе ја преминете границата и верувајте ми, сите одат таму. Се чини дека можеби не сметаме на тоа толку често одење таму, но всушност, дури и со тие 50 километри пат, ние сме во плус“, рекол Милан во срдечниот разговор за српските медиуми.

Слични содржини