Српскиот министер за здравство ќе ја прими вакцината против ковид 19

од Берта Китинска

Министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар, ќе ја прими првата доза на вакцина против ковид 19, утре во 11 часот во Институтот Торлак.

Вакцината против коронавирус досега ја примија премиерот на Србија Ана Брнабиќ, претседателот на Собранието Ивица Дачиќ, министерот Александар Вулин, државниот секретар Мирсад Шерлек, министерот Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, како и епидемиологот Предраг Кон. Премиерката  Брнабиќ ја прими и втората доза на вакцината Фајзер.

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, информираше дека по разговорот на премиерот Заев со претседателот на Србија, Вучиќ во кој е договорено Србија да и даде 8.000 Фајзер вакцини на нашата земја, веднаш започнал разговори со српскиот колега Златибор Лочнар во однос на техничките детали и точното време на испорака на вакцините.

Слични содржини