ССМ бара Ковид-19 да се признае како професионално заболување

од Берта Китинска

Прогласување на Ковид-19 за професионално заболување и исплата на 100 проценти плата за заболените побараа и денеска Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

– Последиците од пандемијата можат да бидат катастрофални. Апелираме на заедничко, брзо делување на сите релевантни чинители затоа што од сите нас, без исклучок, зависи дали во периодот кој ни претстои ќе бидеме на висината на задачата да преземеме активности кои ќе обезбедат опстанок, изјави секретарот на Советот на Сојузот на синдикати на Македонија, Златко Цветковски на денешната прес-конференција.

 

Слични содржини