Стапката на невработеност во ЕУ се зголемува и покрај помошта од владата

од Stefanija Kuzmanovska

Стапката на невработеност во 19 држави каде еврото е официјална валута е повисока за 7,4 проценти во мај, иако владите се обидоа да го помогнат пазарот и да ги ублажат економските последици од пандемијата на коронавирус со пакети за поддршка, пренесе „Н1“.

Во април, стапката беше 7,3 проценти, објави агенцијата за статистика на Европската унија Евростат.

Европските влади се обидоа да го запрат растот на невработеноста преку програми со кои плаќаа дел од платите за компаниите да не отпуштаат работници.

Стапката на вработеност во САД се искачи на 13,3 проценти во мај, од 3,5 проценти во февруари.

Слични содржини