Ставриќ: Само 20 отсто од лицата над 70 години се вакцинирале до сега

од Viktor Jovanov

За жал се уште е мал бројот на лица имунизирани против Ковид 19. Податоците покажуваат дека од прилика 20 отсто од страта популација над 70 години е вакцинирана, тоа е многу малку. Треба да се надмине стравот од вакцината. Треба да се разговара отворено што е тоа што ги плаши граѓаните. Важна улога игра и семејството во одлучувањето исто така и матичните лекари кои треба да ги информираат пациентите во однос на имунизацијата и да им ги дадат сите информации се со цел да се донесе вистинската одлука, изјави Проф. Др. Катарина Ставриќ во денешната емисија Топ тема на Телма ТВ.

-Треба да се земе активна улога во промоција на вакцинирањето, со цел да се влијае и да се донесе вистина одлука. Потребна е поголема организација и ангажман за информирање на граѓаните и зашитата која ја нуди вакцинирањето, вели Ставриќ.

Слични содржини