Стефоска: Никој не ме праша за конкретните причини зошто треба да заминам, како и што е сработено

од Берта Китинска

Право на секој мандатар е да си состави кабинет. Никој не ме прашал за конкретните причини зошто треба да заминам, како и што е сработено. Јас си подготвив извештај за отчетност кој ќе стои во архивата на владата и во собранието. Поразговаравме со мандатарот за причините про и контра зошто е важна културата, нагласи министерката Ирена Стефоска во Утрински Брифинг.

Таа додава дека ова министерство заслужува да се вложува во луѓето.

-Луѓето се нашиот најголем ресурс во една мала земја. Толку колку што вредат луѓето толку вредат институциите. Без силни институции, нема држава, институции во кои владее право, процедури. Мора прво да се среди куќата која ги сервисира сите културни работници и институции, министерството е капата, децидна е министерката за култура.

Слични содржини