Стејт Департмент: Бугарија ги ускратува правата на етничките Македонци

од Nikola Popovski

Бугарските власти продолжуваат да ја негираат регистрацијата на етничко-македонски активистички групи, стои во извештајот на американскиот Стејт Департмент за состојбата со човековите права во Бугарија. Со тоа, според Стејт Департментот се ускратуваат правата на Македонците.

-Властите продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи како што се Обединетата македонска организација-Илинден, Друштвото на угнетените Македонци-жртви на комунистичкиот терор, Здружението за одбрана на индивидуалните граѓански права и Македонскиот клуб за етничка толеранција во Бугарија, и покрај 14 претходни одлуки на ЕСЧП дека негирањето ја нарушува слободата на здружување на групите, констатирале од Стејт Департментот.

Во извештајот се потенцира еден пример од 31 мај, кога апелациониот суд во Софија ја потврдил одлуката на Агенцијата за регистрација од ноември 2020 година, со која се одбива регистрацијата на Здружението на угнетените Македонци-жртви на комунистичкиот терор со образложение дека „групата ќе спроведува политичка агенда која го загрозува единството и безбедноста на нација и би ги прекршиле правата на останатото население во земјата што не се идентификува како македонско“.

 

Слични содржини