Стејт Департментот напишал дека „Белград го држи в џеб“, велат од Алијанса за новиот македонски амбасадор во Париз

од Nikola Popovski

Владата на СДСМ-ДУИ и Министерот Бујар Османи денеска уште еднаш потврдија дека не можат да се оградат од пројугословенскиот и прорускиот менталитет. „Оваа Влада, која секојдневно ја злоупотребува ЕУ, докажа дека е многу далеку од европските вредности и ја држи земјата исто толку далеку од Европа. Во најважните европски центри тие делегираат амбасадори кои не само што немаат ништо заедничко со западните вредности, туку напротив, продолжуваат да бидат блиски и во служба на југословенско-руските структури, реагираат од Алијанса на Албанците (АА) на поставените амбасадорски имиња кои денеска ги обелодени шефот на дипломатијата Бујар Османи.

Според опозициската партијата, таков е случајот со новоименуваниот Амбасадор во Париз, Виктор Димовски.

-Поранешниот функционер на југословенските тајни служби, за кого во документ на американскиот Стејт департмент децидно стои дека „Белград го држи во џеб“. Претходно, Алијанса за Албанците спречи уште еден обид за именување на Теута Арифи за амбасадорка во Брисел, политичарка осомничена за злоупотреба која доаѓа од истата политичка структура, појаснуваат од АА и додаваат:

Сега на сите им е јасно од каде потекнува носталгијата на ДУИ и СДСМ да работат повеќе за мини Југославија (Отворен Балкан) отколку за членство на земјата во Европската Унија, стои во партиското соопштение.

Османи денеска информира дека покрај Димовски, сега веќе поранешниот пратеник Зекир Рамчиловиќ ќе биде нов амбасадор во Црна Гора, Зулфи Исмаили во Брисел, а во Анкара заминува поранешниот министер за одбрана и екс лидер на ЛДП Јово Манасиевски.

Слични содржини