Во 1991 година распадот на Југославија веќе е во тек, а Германија штотуку се обединува. Тогаш Берлин решава еднострано да ја признае независноста на Словенија и Хрватска. Грев ли беше тоа?-анализира DW.

0,,19351961_303,00

Кога ЕУ се уште беше Европска заедница, која се состои само од 12 земји-членки, и сите си имаа своја валута, Европа ја доживеа својата прва сериозна катаклизма по 1945 година – распадот на Југославија. Словенија и Хрватска сакаа да излезат од Титовата федерација и да станат независни држави.

Во Бон, тогаш сеуште престолнина на Германија, германската влада ги регистрира добронамерно овие нивни стремежи. И никој – како во Бон, така и во целата Европска заедница – не го оспори правото на самоопределување на нивните народи. Барем во теорија. Европејците ги поддржаа трите балтички држави при излегувањето од составот на Советскиот Сојуз, но во случајот со Југославија се задоволија само со пишување на било какви реставраторски планови. Притоа војната во Хрватска одамна беше пред свршен чин. Тогаш политичарите во Бон брзо се дистанцира од идејата за зачувување на мултинационалната држава по секоја цена.
Германија против остатокот на светот?
Тогашниот германски министер за надворешни работи Ханс-Дитрих Геншер беше категоричен дека Хрватска и Словенија не треба да бидат чувани против нивната волја во социјалистичката федерација. Своевремено ова беше доста контроверзна позиција. Дотогаш германската надворешна политика се карактеризираше со воздржаност во контекст на историската предиспозиција. И токму во случајот со “балканските пациенти” Геншер наметне еден курс против струјата во Европската заедница.

Тоа беше ризичен потег и од психолошка гледна точка. Германците веќе на два пати беа интервенирале неславно на Балканот – за време на Првата и Втората светска војна. Најважните партнери на Германија – Франција, САД и Велика Британија – беа против признавањето на независноста на двете балкански земји. Дури генералниот секретар на ОН, Хавиер Перез де Куелјар ја предупреди Германија да не презема соло акции. Притоа Германија прва го изговори на глас она што подоцна – во втората половина на 1991 година – постепено се наметна како мислење и меѓу членовите на Европската заедница.

0,,16803058_401,00
Немоќта на Европејците се виде уште додека српските четници држеа окупирана речиси една третина од територијата на Хрватска. Така постепено и другите почнаа да зрејат за идејата за признавање на Словенија и Хрватска, а тоа да биде и етапно. Во меѓувреме, Европската заедница одлучи дека веќе нема проблем да даде убедлива оценка на вината, читај: поддржаните од Белград српски паравоени единици да бидат наведени отворено како агресори во оваа војна.

Уште на 27 август министрите за надворешни работи од Европската заедница ги осудија нападите на српските четници во Хрватска и се заканија на Србија со сериозни последици ако не ги почитува примирјето и пропаднат планираните мировни преговори во Хаг. Токму тоа сепак се случи – по неуспехот на Хашката конференција, Лондон и Париз, исто така веќе беа зрели за признавање на двете балкански земји. Потоа стана јасно дека Европската заедница го одредува датумот 10 декември за краен рок за признавање на Хрватска и Словенија, ако дотогаш не биде најдено политичко решение.

Комисијата “Бадентер”

Независно од слученитепромени во оценката за настаните во поранешна Југославија, критиките кон соло акцијата на Германија продолжија. Британците и Французите ја обвинуваа владата на Хелмут Кол дека со избрзани дејствија е одговорна за распадот на Југославија и за војните на Балканот. Политиката на Геншер го поларизираше и германското општество. Писателот Гинтер Грас остро го осуди признавањето на Словенија и Хрватска, а левото крило во Социјалдемократската партија зборуваше за “спасување на Југославија”.

Путин и таинствената ракета: Што ги плаши нуклеарните сили на Русија?

Европската заедница сепак одамна ја беше создала комисијата “Бадентер”, предводена од францускиот експерт по уставно право Роберт Бадентер. Нејзината задача беше да создаде предуслови за признавање на Словенија и Хрватска. Германија остана во заден план во оваа комисија, но успеа да наметне една главна точка на агендата – прашањето за малцинствата. Целта на германската влада беше да се принуди Хрватска да ги почитува правата на другите народносна групи, вклучувајќи ги и оние на Србите. Во почетокот на декември Министерството за надворешни работи во Бон подготви експертиза во која ги оцени заслугите на владата во Загреб за заштита на малцинствата.

Европско, а не еднострано германско решение

Откако на почетокот на ноември Србија го отфрли и последниот мировен план на британскиот посредник лорд Карингтон, германскиот министер за надворешни работи ги потсети Европејците дека ветиле во рок од два месеца да одговорат (позитивно или негативно) на барањето за признавање на Словенија и Хрватска за независни. На 17 декември 1991 година, на состанок во Брисел, британскиот министер за надворешни работи Даглас харт отворено застана на страната на Геншер и изјави дека е дојден моментот Европската заедница да заземе категорична позиција. Така и се случи – Европската заедница донесе одлука со целосна едногласност.

0,,19350601_401,00

Два дена подоцна германската влада гласаше за одлука за признавање на Хрватска и Словенија, што требаше да стапи на сила дури на 15 јануари. Де факто тоа беше одлука на земјите од Европската заедница и всушност беше задоцнета, а не подранета, како што тврдат некои, бидејќи со признавањето на двете земји воопшто не престана насилството во Словенија и Хрватска: уште во текот на летото и есента 91-ва целата српска офанзива веќе беше насочена против Хрватска, од октомври Дубровник беше опсаден, а судбината на Вуковар беше решена на 18 ноември. “Признавањето на Словенија и Хрватска го принуди Слободан Милошевиќ да ја прекине војната против овие две држави. Малку ли е тоа?”, ги резимира подоцна Геншер настаните кои доведоа до отцепување на двете поранешни југословенска република како самостојни и независни држави.

Слични содржини