Стојановиќ: Управата за извршување санцкии стои на располагање за истрага за бегството на Игор Спасов

од Viktor Jovanov

Никој не профитира од стопирањето на издржувањето на затворската казна, ниту пак се дава фиктивно боледување за да се пушти затвореник на слобода на одреден период, вели првиот човек на Управата за издржување на санкции, Јовица Стојановиќ.

Тој тврди дека не секогаш се дава прекин на казната, односно од 100 барања во последниот период одобрени се 30. Стојановиќ напомена дека не станува збор за никаква корупција во однос на вадењето фиктивно боледување, како и дека Управата во ниту еден случај не е вмешана во нелегални дејства во однос на избеганите затвореници.

Меѓу другото, Стојановиќ изјави дека Управата за извршување на санкции стои на располагање на истражните органи за случајот со убиецот на Мартин Нешковски, Игор Спасов кој пред одреден период не се врати во затвор на издржување на 14 годишната затворска казна. На Спасов му беше дозволен прекин на издржување на казната поради операција на кила.

Слични содржини