Столтенберг: НАТО нема да ја покани БиХ во членство на овој самит

од desk2

Генерални секретар на НАТО Јенс Столтенберг пред денешниот самит на НАТО во Брисел изјави дека Алијансата овој пат нема да упати покана до Бих за членство.


– Босна и Херцеговина е наш партнер и тоа многу важен партнер. Не очекувам земјите членки на овој самит да разговараат за активирање на Акциски план за членство за Босна и Херцеговина. Исто така, не можам да ви кажам кога таа расправа ќе се најде на нашиот дневен ред, рече Столтенберг

Слични содржини