Столтенберг откри дали постои директна воена закана од Русија кон членките на НАТО

од Stefanija Kuzmanovska

НАТО не гледа непосредна воена закана од Русија кон ниту една членка на Алијансата, но ќе продолжи со операцијата за одвраќање преку претстојната воена вежба Steadfest Defender, најголема во последните неколку децении, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Тој наведе дека Алијансата го прави сето ова за да го отстрани секој простор за погрешно проценување или недоразбирање во Москва за подготвеноста на НАТО да ја заштити секоја педа од својата територија, пренесува „Ројтерс“.

„Се додека го правиме тоа, нема да има напади на територијата на НАТО“, рече Столтенберг.

Околу 90.000 војници ќе учествуваат на претстојната вежба Steadfest Defender 2024, која започнува во февруари и ќе трае до мај.

Слични содржини