Столтенберг: Путин подготвува ново оружје, сака да ја контролира цела Украина

од Nikola Popovski

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг тврди дека рускиот претседател Владимир Путин има намера да воспостави контрола над цела Украина, рече тој за време на говорот во Институтот за напредни студии Чои Џонг-Хјун во Сеул.

– Не гледаме знаци дека претседателот Путин ја променил конечната цел на оваа инвазија – да ја преземе контролата врз својот сосед, да ја контролира Украина, вели генералниот секретар.

Тој смета дека Москва наводно се подготвува „не за мир, туку за токму спротивното“.

Според Столтенберг, Русија „мобилизира повеќе војници – повеќе од 200.000, а можеби и повеќе од оваа бројка“.

– Купуваат ново оружје, повеќе муниција, го зголемуваат своето производство, а исто така купуваат оружје од авторитарни земји како Иран и Северна Кореја, рекол Столтенберг.

Русија и Северна Кореја постојано ги негираа обвинувањата за трговија со оружје.

Слични содржини