Стравична несреќа во Хрватска: Има мртви, повредените се пренесуваат во болница

од Stefanija Kuzmanovska

Синоќа, околу три часот наутро, се случи тешка сообраќајна несреќа во Хрватска. Загинаа четири лица. Повредените се пренесени во болница, пренесува „Индекс.хр“.

Според извештаите на тој портал, несреќата се случила на автопатот А3 кај Окушани, а загинале мигранти кои биле во камион со регистарски ознаки на Република Србија.

Автопатот А3 беше целосно затворен за сообраќај, а повредените беа пренесени во болница.

Сите најблиски приоди кон тој дел од автопатот се затворени поради непречен премин на возилата на брзата помош.

Слични содржини