– Судот во Истанбул им одреди мерка притвор на 17 турски новинари поради обвинение за поврзаност со исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД и, според турските власти, е одговорен за обидот за преврат во земјата на 15 јули.затвор решетки

Судот сослуша вкупно 21 новинар, од кои четворица веднаш биле ослободени, додека за останатите 17 е одреден притвор до судскиот процес.

Новинарите се обвинети за припаѓање кон „терористичка група“.

Властите во Анкара вчера му испратија на Вашингтон официјално барање за екстрадиција на Ѓулен

Слични содржини