Судот во Тел Авив пресуди: Поранешниот израелски премиер го наклеветил Нетанјаху

од Stefanija Kuzmanovska

Судот во Тел Авив денеска одлучи дека поранешниот израелски премиер Ехуд Олмерт го наклеветил својот наследник на таа функција, Бенјамин Нетанјаху, за што мора да му плати отштета.

Нетанјаху го тужеше Олмерт поради изјавите дадени минатата година по серијата парламентарни избори. Тогаш Нетанјаху одби да ја напушти функцијата додека му се судеше за корупција.

Судот не го прифати тврдењето на Олмерт дека тој само „го изразува своето мислење“, пренесува АП.

На Олмерт му беше наложено да им плати на Нетанјаху и неговото семејство околу 18.000 долари отштета, како и судски трошоци.

Слични содржини