СУТКОЗ: Автобуси на ЈСП се кријат по објекти на „Водовод и канализација“ (ФОТО)

од Nikola Popovski

Репрезентативниот синдикат за комунални дејности СУТКОЗ при Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) информира дека автобуси на ЈСП се паркираат по објекти на ЈП „Водовод и канализација-Скопје“.

Според нив, „автобусите се кријат“ со оглед на протестите на „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ пред централата на ЈСП Скопје во Автокоманда, но и пред гаражите.

СУТКОЗ истакнува дека сликите се од пречистелната станица во Волково.

-Прочистителната статица на „Водовод и Канализација Скопје“ е објект од витално значење… Пример – ако се запалат пумпите во прочистителната станица, пожарната ќе нема пристап да интервенира во итни случаи поради автобусите кои не се на Водовод, појаснуваат од репрезентативниот синдикат.

Приватните превозници за денеска покрај протестите, најавија и средба со дел од советничките групи во Град Скопје за решавање на проблемот и наплаќање на долгот што го бараат од ЈСП Скопје.

Слични содржини