Светска ранг-листа на војски: Македонија на 134. место

од Nikola Popovski

Секоја година од 2006 година, сајтот „Global Firepower“ објавува годишен извештај и ранг листа на 140 национални вооружени сили, а според податоците за 2022 година, С. Македонија е на 134. место.

Од земјите на поранешна Југославија, Србија е рангирана на 61. место, а Хрватска на 62. место. Словенија е на 86 место, Босна и Херцеговина е 123, додека Црна Гора воопшто ја нема на оваа листа иако има војска.

Бразил е на десеттото место, Пакистан е на 9 место, Велика Британија на 8 место, а најдобро пласирана европска и ЕУ земја е Франција на 7 место. Ова е, се разбира, прилично чуден избор, имајќи предвид дека Франција е исто така нуклеарна сила, а поседува и нуклеарен носач на авиони и нуклеарни подморници.

Но, на рангирањето на „Global Firepower“, посилни од неа, на пример, се Јужна Кореја и Јапонија, кои се на 6-то и 5-то место. Индија е на 4 место, а на самиот врв се третопласираната Кина, второпласираната Русија и се уште најмоќната воена сила во светот, САД на прво место.

Слични содржини