СЗО: Израелската наредба за евакуација е смртна казна за ранливите пациенти

од Stefanija Kuzmanovska

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека барањето од ранливите пациенти да се евакуираат од болниците во Газа е „смртна казна“, а шефот на агенцијата го повика Израел да ја повлече својата одлука да нареди евакуација.

СЗО денеска соопшти дека локалните здравствени власти во Газа ја информирале дека е невозможно да се евакуираат ранливите болнички пациенти од северниот дел на Газа, откако израелската армија ги повика цивилите да се преселат на југ во рок од 24 часа.

Слични содржини