СЗО: Повеќе од 284.000 нови случаи на корона ширум светот

од Vladimir Zorba

Низ целиот свет, претходниот ден беа регистрирани повеќе од 284.000 нови случаи на коронавирус, а вкупниот број заразени надмина 19,18 милиони.

Умреа уште 6.565 лица, така што вкупниот број на жртви на епидемијата надмина 716.000, според СЗО во дневниот билтен.

Статистиката на СЗО се заснова на официјално потврдени податоци што ги пријавуваат земјите, пренесува ТАСС.

Најголем број случаи има во Јужна и Северна Америка, повеќе од 10 милиони, а само претходниот ден имало 155.112 нови случаи и 4.228 смртни случаи. Вкупно 380.894 луѓе загинаа во областа.

Во Европа потврдени се 3,5 милиони заразени лица, а повеќе од 216.000 луѓе починале.

Во Југоисточна Азија се регистрирани 2,4 милиони случаи и над 51,000 жртви.

Повеќето од заразените се пријавени во САД, а потоа следуваат Бразил, Индија, Русија и Јужна Африка.

Слични содржини