СЗО во наредните две недели ќе одлучи за вакцините Синофарм и Синовак

од Nikola Popovski

Светската здравствена организација (СЗО) очекува во наредните две недели да одлучи дали итно ќе одобри употреба на две кинески вакцини против коронавирус, изјави денеска помошникот директор на таа агенција на Обединетите нации, Маријанџела Галвао Симао.

Таа прецизираше дека СЗО може да донесе одлука за вакцината Синофарм до крајот на оваа недела, додека може да донесе одлука за употребата на вакцината развиена од компанијата Синовак Бајонтек до крајот на следната недела.

Одобрението на СЗО ќе биде индикација за регулаторните тела на земјите во светот за безбедноста и ефективноста на кинеските вакцини и ќе им овозможи да бидат вклучени во програмата Ковакс, пишува Ројтерс.

Доколку бидат одобрени, кинеските вакцини ќе бидат првите вакцини од незападните земји што ќе добијат одобрение од СЗО, кое досега ги одобри вакцините Фајзер, АстраЗенека и Џонсон и Џонсон, додека оваа недела се очекува одлука за вакцината од компанијата Модерна.

Слични содржини