„Таа се враќа“: Меган Маркл повлекува потег кој ќе ѝ донесе голема сума пари

од Stefanija Kuzmanovska

Војвотката од Сасекс Меган Маркл се подготвува да се врати на социјалните мрежи.

Имено, кога се омажи за принцот Хари, ѝ беа отстранети сите профили на социјалните мрежи, а остана само нивниот заеднички официјален профил „sussexroyal“ кој има 9,4 милиони следбеници.

Меѓутоа, откако Хари и Меган одлучија да се откажат од своите титули и да се преселат во Канада, а потоа во САД, овој профил е неактивен, а последната објава беше онаа во кој ја објавија својата одлука и им се заблагодарија на сите за нивната љубов и поддршка.

Сепак, како што пренесува „Showbuzz“, Меган сега повторно отворила профил на Инстаграм, кој едноставно го носи називот „meghan“, а на насловната фотографија има розови божури, наводно нејзиниот омилен цвет.

Засега нема објави на овој профил, а веќе има 102.000 следбеници. И додека многумина мислат дека ова воопшто не е профилот на војвотката од Сасекс, извор близок до Маркл рекол дека тоа е таа.

„Да, тоа е таа. Наскоро очекувајте ја првата објава, таа се враќа“, изјави изворот за странските медиуми.

 

„Сите во Холивуд велат дека нејзиното враќање на социјалните мрежи е неизбежно. Меган никогаш не го криела фактот дека сака да се врати на Инстаграм“, додал изворот.

Ерик Шифер, експерт за социјалните мрежи, е убеден дека Меган ќе заработи многу пари со новиот профил.

„Мислам дека враќањето на Меган на Инстаграм нема да изненади никого. Таа има нов менаџер и ова е следниот логичен чекор. Очекувам брзо да стане една од најследените луѓе на Инстаграм. Имате познати личности како Кардашијан кои можат да заработат милион долари за една објава за промоција на некој производ. Нема причина Меган да не може да заработи такви хонорари. Сепак, таа мора да внимава како војвотка да не го рекламира секој производ – треба да се фокусира на квалитетни брендови и компании кои се во склад со нејзините политички и општествени убедувања“, објасни тој.

Слични содржини