Тачи: Грешката во албанските политички партии е што не назначуваа лидер на високите позиции во Владата

од Берта Китинска

Претседателот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Менду Тачи, гостуваше  во емисијата “Пресинг“ на косовската телевизија Т7  каде  изјави дека ќе побара да биде на вицепремиерската функција во Владата на Република Северан Македонија, на изборите на 12 април.

„Најголемата грешка што ја направија албанските политички партии е да не се назначува лидер на високи позиции на Владата во државата,“, рече Тачи.

Тачи рече дека по изборите ќе се заложи за намалување на бројот на вицепремиерите од четири на еден.

Во врска со последните политички движења во земјата, тој рече дека СДСМ е принудена да коалицира со албанските политички партии затоа што ВМРО-ДПМНЕ е многу подобра на анкетите.

– Јас комуницирам со луѓе за кои велат дека гласале за СДСМ, зошто велат дека ДУИ ги уништила. Но, сега економијата е уништена. Јас сум за коалиција меѓу Македонците и Албанците, но не во оваа форма. Ова коалиција е затоа што според анкетите, СДСМ стои под ВМРО, рече Тачи.

Слични содржини