Тачи со уцена: Лајчак е добредојден на Косово само под еден услов

од Nikola Popovski

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјавил дека не знае ништо за распоредот на состаноците на специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак, кој пристигнува на Косово, пренесува „Коха“.

Тачи претходно ја довел во прашање улогата на Лајчак, а по денешната средба со премиерот Авдулах Хоти, тој рекол дека Лајчак ќе биде добредојден само доколку ја прифати реалноста на Косово.

„Не сум бил информиран за содржината и агендата на посетата на Мирослав Лајчак на Косово. Тој мора да разбере дека Косово е независно и суверено. Ако дојде со тој пристап, тој е добредојден. Секој друг пристап е негов неуспех на Косово и во Европската унија”, рекол Тачи.

На прашањето кој ќе го води дијалогот со Белград, тој или премиерот, Тачи одговорил дека тоа е појаснето во Уставот на Косово.

Слични содржини