Тахири: „Заедницата“ на Србите во Косово, помеѓу наковалната и чеканот

од Vladimir Zorba

Средбата помеѓу високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, премиерот на Република Косово, Албин Курти и претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, што се одржа во Охрид на 18 април, беше најавувана како клучен настан на кој двете страни ќе се согласат околу спорните прашања во Европскиот договор што им се даде во февруари годинава, но и дека на средбата најверојатно нема да се потпише ништо конкретно, туку ќе се разговара за имплементацијата на договорот од двете засегнати страни, под надзор на меѓународната заедница, пишува Дијана Тахири во својата анализа за ЦИВИЛ Медиа.

По поединечните изјави на главните актери на средбата, Вучиќ ( прв даде изјава), Курти и Борел, впечатоците на бројните заинтересирани за исходот од долгиот ден ( разговорите траеја повеќе од 11 часа), беа до некаде во позитивен правец, односно, дека средбата сепак била успешна, со оглед на тоа дека некој од таму кажа дека разговорите се одвивале во пристоен и позитивен тон. По завршетокот на средбата, портпаролот за надворешна политика на Европската комисија, Петер Стано на својот профил на Твитер објави дека средбата завршила и дека со подетални информации на јавноста ќе и се обрати Жозеп Борел.

Она што како да остана незабележано од медиумите, е дека наместо Борел, прв со изјава за медиумите излезе српскиот претседател Вучиќ. Па потоа следеа Борел, и Курти.

Вучиќ во изјавата за медиумите, меѓу другото рече дека „од големо значење е формирањето на ЗСО да биде приоритетна обврска согласно претходните договори во рамките на дијалогот“.

Целата анализа на следниот линк!

Слични содржини