Таравари да каже кој е тој меѓународен фактор што бара Алијанса да влезе во Владата, бараат од ВМРО

од Nikola Popovski

„Почитувани, јавно прашуваме Таравари да каже кој е тој меѓународен фактор што бара Алијанса да влезе во Владата“, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на новинарско прашање каде се бара коментар од ВМРО-ДПМНЕ за изјавата на Таравари каде што вели дека меѓународен фактор барал тој да влезе во Владата.

Стоилковски додаде дека Таравари треба јасно и гласно да одговори на јавноста кој е тој меѓународен фактор што бара Алијанса да влезе во Влада. А, доколку не каже Таравари тоа значи дека има друга причина зошто сака да влезе во Владата.

„Доколку Таравари премолчи и не каже значи дека Таравари не е искрен и има друга причина зошто сака да влезе во Владата“, нагласи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари вчера изјави дека постои можност за влез на неговата партија во владиното мнозинство бидејќи тоа го бара меѓународниот фактор, но и доколку граѓаните го побараат тоа од нив.

Слични содржини