Таравари: Имаме убава можност да затвориме одредени прашања и да продолжиме со европската агенда

од desk4

  Алијансата на Албанците нема да ја условува поддршката за уставните амандмани за Договорот со Грција, туку ќе се обидат да ги убедат пратениците да ги поддржат и нивните амандмани за албанските прашања. Ова вечерва го изјави Арбен Таравари од Алијансата на Албанците во синоќешното гостување на телевизија „Телма“.

-Имаме убава прилика да затвориме одредени прашања и да продолжиме со европската агенда. Ние би интервенирале со нашите амандмани што би се однесувале на две работи. Првата е во преамбулата, како што беше во Охридскиот рамковен договор, ништо повеќе и за употребата на албанскиот јазик да не биде поинаков од македонскиот јазик кој е 20 отсто, туку да стои македонски и албански јазик. Повторно во духот на Охридскиот договор и Декларацијата потпишана пред една година од политичките партии, рече Таравари.

тој додаде дека Алијансата никогаш не условувала, ова е моментот кога мислиме дека нашите пратеници можат да ги убедат своите колеги во Парламентот да се направат одредени промени.

Слични содржини